Стиви Стауел, студентка од британскиот град Брајтон, се шокирала кога во автомеханичарската работилница добила сметка од 680 фунти (765 евра) за поправка на клима уред во нејзиниот автомобил, но потоа дознала дека воопшто и нема таков уред.
– Не се разбирам во автомобили, па им поверував кога ми рекоа дека мораат да го поправат клима уредот. Се вџашив кога ја чув цената. Немам толку пари. Јас сум студентка и работам половина работно време, изјави Стауел за „Дејли Меил“.
Кога му рекла на татко и тој и кажал да побара друго мислење. По вториот преглед се покажало дека нејзиниот „Ситроен Ц1“ е „малку расипан“, но дека нема клима уред.
Така, поправката реално чинела 440 евра, а девојката од првите автомеханичари добила и извинување за „превидот“ и попуст.