Водечката, британска опозициска Лабуристичката партија во Парламентот ќе гласа против договорот на британската Влада со ЕУ за Брегзит, изјави денеска нејзиниот лидер Џереми Корбин

Тој смета дека договорот потпишан во Брисел е на штета на Велика Британија и е „тажен неупсех на преговорите“.

– Со него ни се дава помалку право да одлучуваме за нашата иднина и ги загрозува работните места и животниот стандард, рече Корбин.

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Договорот е „најдобриот и единствениот можен договор” за кој британскиот Парламент ќе гласа пред Божик.