Американскиот крајно десничарски екстремист и бегалец Роб Рундо (33) е уапсен во Букурешт, Романија, откако неколку години се криел на Балканот и со месеци избегнувал апсења во Грција и Бугарија.
Романските медиуми јавуваат дека Рундо моментално е во притвор и чека екстрадиција во САД, со фактот дека таму поднел барање за азил. Медиумите објавија и фотографија од лажната лична карта на Рундо. Станува збор за хрватски документ, во кој се споменува името Марко Родиќ.
Рундо е ко-основач на Rise Above Movement (RAM). Тој е обвинет за учество во насилства низ САД во 2017 година, бунт, заговор и регрутирање нови членови. На видео снимките се гледа како Рундо удира контра-демонстранти во Хантингтон Бич и полицаец во Беркли, пишува Би-Би-Си. Рундо бил активен и во Србија и Бугарија и се залагал за формирање мали борбени групи со насилна неонацистичка идеологија. Тој по дојава бил уапсен на 29 март во теретана во Букурешт.