Двајца украински војници се спасени во специјална операција откако поминаа повеќе од една и пол година криејќи се во регионите на Украина окупирани од Русија, соопшти морнарицата. Украинската морнарица, вооружените сили и Министерството за одбрана ги вратија војниците дома откако добија извештаи дека живеат под руска окупација од почетокот на војната.
Тие биле „сериозно повредени“ додека се бореле со руските војници и не биле во можност да се „извлечат“, се вели во објавата на Фејсбук.
„Одлучено е да се спроведе специјална операција за спасување и евакуација на припадниците на армијата, чија подготовка и имплементација и беше доверена на специјалната единица Navy Angels. Благодарение на заеднички напори, пред некој ден двајца војници кои беа на окупираната територија повеќе од година и пол беа донесени на територијата под контрола на Украина“, објавија украинските воени власти.