Вечерва се мажи ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија Црвенковска, дознава ексклузивно Курир.

Таа му се заколна на вечна љубов на долгогодишното момче Дамјан.

Младоженците првиот танц го одиграа на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.

Screenshot

Парот свадбената веселба ја прави во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот, додека како што дознаваме на прославата и претходела традиционална забава и земање на невестата од дома.

Инаку Бранко Црвенковски со поранешната дама на Македонија, Јасна го има и синот Љупчо кој неодамна го направи Бранко горд дедо, како и ќерката Марија.