На британскиот премиер Борис Џонсон, кој се наоѓа на интензивна нега во болницата Ст. Томас во Лондон поради развој на симптомите од корона вирус, му се намалила температурата, соопшти Тајмс.

Тоа е прв знак дека состојбата му се подобрува, откако завчера беше примен на лекување поради отежаното дишење. Тој примаше кислорд но не беше ставен на респиратор.