Турскиот CNN, излезе со вест дека познатата пејачка Дуа Липа и фудбалерот на Реал Мадрид ја поминале ноќта заедно по финалето од Лигата на шампионите каде што таа пееше.

Поп ѕвездата Дуа Липа ги негира гласините дека ја поминала ноќта со Асенсио по финалето од Лигата на шампионите.

Таа вели дека не го ни сретнала Асенсио, а веројатно нема ни да го запознае бидејќи нејзиниот менаџер е голем фан на Ливерпул.

„Дури не го ни запознав Марко Асенсио и малку е веројатно тоа некогаш да се случи бидејќи мојот менаџер кој навива за Ливерпул никогаш не би ми простил“, твитна Дуа Липа.