Аманда (46), од Дрогхеда, Ирска, пред помалку од една година се омажила наводно за дух од Хаити. Сега сака да се разведе, бидејќи, како што вели, неколку пати завршила во болницата поради односи со него.
Таа, наводно, била хоспитализирана во јуни поради сепса, а не разговарала со Џек цели шест месеци.
Духот на Џек Спароу (инаку, лик од филм, кој го толкуваше Џони Деп во филмот „Пиратите од Карибите”), наводно го запознала во 2014 година. Еднаш дури се исплашила дека забременила, откако имала сексуални односи со него. За тоа, неодамна говореше во емисијата „Лабилна жена” на ITV, пишува „Индпендент“.
Двојката е венчана во меѓународните води на ирскиот брег, а наместо Џек, судбоносното „да” го кажал нејзиниот личен јасновидец.
Таа платила речиси шест илјади фунти за да го промени своето презиме воо Спароу.
Аманда ги направила истите тетоважи, златни заби и се шминка како актерот, за што повеќе да изгледа како Џони Деп во споменатиот филм. Бидејќи слчноста со ликот била голема, таа некое време работела како имитатор на Џек Спароу.
„Чувствувам дека е време сите да знаат дека мојот брак е готов”, напиша неодамна Аманда на социјалните мрежи, пренесува „Мирор“.
Аманда, исто така, рече дека врската со духовите не е нешто во што може туку така да се „впеткувате“.
Сепак, таа не открива зошто навистина сака да се разведе.