Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка која што првпат ќе има поинакви интересни мерки, кои ќе бидат иновативни и со кои првпат граѓаните ќе почувствуваат намалување на цените на одредени производи кои најмногу се трошат во зимскиот период, најави заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Според Ристоски, со владината мерка за ограничување на профитната маржа за училишниот прибор, имало намалување на цените за 25 до 35 проценти или од 750 до 2.000 денари по семејство, зависно кој колку трошел.

Есенската потрошувачка кошничка даде добри резултати. Направивме стабилизирање и одредено минимално намалување на цените, за разлика од претходните години кога имаше зголемување, оцени вечерва Ристески.

На 43 прехранбени производи кои влегуваат во вкупната синдикалната кошничка има намалување од 965 денари. Самиот синдикат кажа дека есенската кошничката си ја постигната намената. Но, во синдикалната потрошувачка кошничка има намалување за едно евро, затоа што поскапеа други делови како облеката, обувките, угостителските услуги – рече Ристески во гостување на ТВ Сител.

Синдикалната кошничка, појасни тој, има вкупно 43 прехранбени производи кои влегоа по автиоматизам во есенската кошничка. Во есенската кошничка, пак, има 73.