Диего Армандо Марадона е еден од почесните гости на Светското првенство во Русија, но правилата важат за сите, па дури и за него што може да се види и на кратката снимка.
Марадона е еден од најдобрите фудбалери во историјата, и е добредојден на сите големи натпревари и настани поврзани со оваа игра. Така тој дојде на Светското првенство, доби специјална акредитација, но и со неа не може секаде.
Барем не кај строгото обезбедување кое не му дозволи на Марадона и неговото друштво да влезе во простор, за кој нема дозвола. Не помогнаа разубедувањата на луѓето кои дојдоа со Марадона, така што поранешниот аргентински репрезентативец и победник на СП мораше да се сврти и да си замине тивко.
Нема шега со руските полицајци.
Мощь. ОМОН не признал Марадону и не пускал к парковке… pic.twitter.com/w4YhX1J2Gq
— Семён Галькевич (@galkevich32) June 14, 2018