Австралиската актерка Маргот Роби го роди првото дете. Уште не е објавен точниот датум на раѓање на бебето, како и името, а близок извор за „Пипл“ вели дека таа и сопругот Том Акерли имаат машко.

Странските медиуми тврдат дека парот добил момче, кое се родило на 17 октомври, пишува и Дејли Мејл.

Веста за нејзината бременост се појави на почетокот на јули, а набргу потоа двојката беше видена на Вимблдон каде актерката за првпат го покажа трудничкиот стомак.

Марго Роби и Том Акерли се запознале во 2013, на снимањето на филмот „Suite Française“.
Приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, а заедно почнаа да се појавуваат дури за време на прес-турнејата за објавувањето на филмот „Барби“, во кој Марго ја игра главната улога.