Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс, станаа родители на момче. Пипа се породи во понеделникот во болницата Линдо Винг, во западен Лондон.
Медиумите вчера ја придружувале во болницата. Со неа бил и нејзиниот сопруг, кој носел две големи торби.
Сестрата на војвотката од Кембриџ носела син капут, бели чевли и очила за сонце и имала широка насмевка кога излегувала од болницата.
Ноќевањето во таа болница чини 8.500 евра, а нејзината сестра, Кејт Мидлтон на тоа место се породила три пати.
Пипа и нејзиниот сопруг биле гости на венчавката на принцезата Јуџин, во петокот во Виндзор.
Нејзиниот трет роден син е во сродство со наследниците за британскиот престол.