Се продава најдолгата лимузина во Европа – долга е 14 метри и тежи повеќе од четири тони.
Основата е американскиот „Lincoln Continental Town Car“, а во него е вграден мотор од 150 КС. Цената на овој седан е 14.995 евра – нешто помалку од основната верзија на новиот модел на Дачија Сандеро.
Како што пишува весникот Билд, оваа лимузина ја продаваат сопствениците на автосалонот Лоренцен во германскиот град Хусум, а ја купиле пред година и пол.
Лимузината е опремена со минибар, ТВ, а внатре има пет софи. Сепак, претходните сопственици не се однесувале баш добро со автомобилот, па затоа е неопходно да се направат одредени поправки.
„На пример, засега автомобилот не оди во рикверц“, вели Гоне Лоренцен, сопственик на автосалонот.