Се чини дека пред војвотката од Сасекс е едно од најголемите искушенија. А, бидејќи тешко се справуваше со претходните забрани, можеме само да претпоставиме колку на оваа млада мајка забраните тешко ќе и паднат…
Иако бременоста за многу жени е еден од најубавите периоди во нејзиниот живот, ако некогаш одлучи да има деца војвотката од Сасекс, 37.годишната Меган Маркл нема да може да ужива во некои од привлечностите на таа „благословена состојба”.
Поради строгите кралски правила, според Викторија Арбитер, специјалист за кралската семејна традиција, обичајот на дарување на мајката и детето пред породувањето, што е особено популарно во САД, е незамисливо. Меган сигурно нема да може да ги собере семејството и пријателите за да ја прослави бременоста и доаѓањето на детето со колачи и подароци.
Но, иако официјалната прослава не е дозволена, на Маркл, според правилата, ќе и биде дозволено да прима подароци од семејството и најблиските пријатели, но без прослава. И’ иако се уште не е познато дали претпоставките дека Меган е веќе бремена се точна, принцот Хари минатата година во интервју за BBC рекол дека нивните деца се дефинитивно во план во блиска иднина. Сепак, кралската двојка сигурно ќе најде начин да го прослави бебето во семејството ако тоа се случи.
Прослава и дарување
-Со оглед на тоа дека британското кралско семејство е едно од најбогатите во Европа, такво нешто би било незамисливо и, пред сè, непријатно. Бидејќи нема ништо што не можат да си го купат, вели Арбитер, која, и покрај гласините и медиумските написи, се сомнева дека Пиппа Мидлтон (34) на нејзината сестра војвоткта, Кејт Мидлтон (36) и организирала дарување по повод раѓањето на нејзиното прво дете,принцот Џорџ (5).
И додека дарувањето на детето во Велика Британија како и во остатокот од Европа, и не е неизбежен настан, бремените жени во САД држат многу до таа традиција. Затоа просечниот Американец за таква прослава на некој пријател или член на семејството троши помеѓу 150 и 750 фунти.
Строго ограничени патувања
Иако на ниту една бремена жена не и се советува да патува со авион, кај кралското семејство тоа е уште поизразено. Кејт Мидлтон за време бременостите патувањата ги свела на минимум, и само еднаш во три бремености летала со авион. Додека била бремена со третото дете, таа ги посетила Шведска и Норвешка. Истото би било и со Меган што нема да биде таков проблем доколку нејзиното семејство и скоро сите пријатели не и живеат преку океанот, во САД или во Канада.
Полот на детето мора да биде тајна
Иако многумина не верувале во тоа, војвотката Кејт и принцот Вилијам, наводно, не го знаеле полот за ниту едно дете пред раѓањето. Извор близок до парот за „The Sun”, непосредно пред првата бременост на Кејт, изјавил дека со нетрпение го очекуваат денот на нивното раѓање, кога со сигурност ќе знаат дали станале родители на момче или девојче.