Фолк-пејачката Сани Гроздановска ѝ се налути на нејзината колешка Сања Барби-Цинцева.
Таа објави статус во кој вели „Само да прашам, Сања Барби Цинцева, дали си ги изми забите пред да го спомне јавно моето име? Ако не па да ѝ купам четка и паста за заби“.
По оваа објава „Репортер“ ја праша Сани што толку ја разлутило од колешката Цинцева, а таа кусо ни напиша: „Не давам никакви изјави во врска со ова“.
Во меѓувреме ѝ пративме порака и на Барбика и до сега не ни одговорила на прашањето зошто Сани јавно ја спомнува. Не изостанаа и зајадливите коментари на пријателите на Сани, па на прашањето која е Барбика Цинцева, оваа му вели: Една што сака да биде пејачка.
За потсетување, и двете, и Сани и Барбика, се долго време фолк-пејачки, кои настапуваат по кафеани и по музички фестивали и турнеи. Но, поради пандемијата, одамна и двете немале настап.