Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН.

Пред тоа, Лавров се сретна со претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Мирјана Шпољариќ-Егер, со која разговараше за хуманитарните активности во клучните области, вклучувајќи ги Украина, Појасот Газа, Сирија и Судан.

Разговараше и со словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека верува оти Лавров ќе го пренесе ставот на Русија за ситуацијата во Украина на американската страна за време на средбата со американскиот државен секретар.

Лавров и Рубио последен пат се сретнаа на маргините на настанот на АСЕАН во Малезија во јули оваа година. Лавров ќе одржи серија билатерални средби во Њујорк и ќе учествува на мултилатерални настани во рамките на Г20, БРИКС и ОДКБ, а ќе се сретне и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Лавров ќе се обрати на Генералното собрание на ОН на 27 септември.

Неделата на состаноци на високо ниво на Генералното собрание започна во вторник.