Италијанската полиција продолжува да го составува мозаикот од големиот грабеж со уметнички слики кoј се случи во април лани во градот Монца. Исчезнаа две слики на Рубенс и на Реноар, проценети на 26 милиони евра.
Хрватски „јутарњи“ пишува денес дека италијанските карабинери уапсиле пет лица, меѓу нив и еден Хрват, за когосе соменваат дека бил „мозокот на операција“.
Според „Кориера дела сра“, станува зор за Ненад Јовановиќ (44), кој живее во Трецано, имал израолески пасош и се предтавувал како Самуел Абрахам Леви Грахам, рабин и израелски дипломат.
– Целата операција била добро организирана, а Јовановиќ и неговите помошници имале јасно дефинирани улоги и задачаи, тржи истражната судијка Силвија Пасини.
Покрај Хрватот, приведени се и браќата Роко од Калабрија, а судот наредил домашен притвор за уште две лица.
За истрагата голема енигма е кој стоел зад Јовановиќ, зашто смета дека тој не можел самиот да организира и изведе толку организиран и тежок грабеж. Морал да има логистичка поддршка, некој кој го испраќал во конзуларни канцеларии каде и го открил пленот. Истрагата слеела еден човек кој поседува две галерии, една во Сардинија и една во Лондон, и кој на колега од Пиемонт му го нудел на продажба Реноар. Тука во приказната влетува „рабинот“ кој наводно е заинтересиран да купи дијаманти и слики.
Зделката набрзо била склучена, а местото на постигнување на договорот бил албаснкиот конзулат во Брианца. Продавачот ги донел двете слики затвореји во две дрвени кутии, а како муштерии се појавиле „рабинот“ и уште една друга личност. ПОд изговор дека сакаат да ја тестираат автентичноста на делата, Јовановиќ и помошникот успеале да ги земат сликите, а потоа „рабинот“ се претвора во аукциски јунак и прави сцени какви нема ни во филм на Џемс Бонд. Со далечинск ја отвора вратата на резиден цијата и бега со камион каде го чекале помошниците. Бегаат во непознат правец.
Иако Јоваовиќ и неговата тајфа се уапсени, за сега нема трага од вредните уметнчки дела „Свето семејство“ и „Девојки на трева“.