Во сообраќајна несреќа се судриле две возила на придружбата на новиот хрватски државен обвинител Иван Турудиќ.
Турудиќ доби полициска заштита откако на неговиот приватен автомобил беа откриени два куршуми. Од тогаш се вози со службено полициско „ауди“, а придружуван е уште едно теренско возило „фолксваген“,пренесува Јутарњи лист.
Од МУП потврдија дека несреќата во која беа оштетени две возила од опкружувањето на Турудиќ се случила на 9 јуни.
„При спроведување на мерки за обезбедување и заштита на заштитено лице на подрачјето на Сисачко-мославинската жупанија поради избегнување судир со патничко возило во сообраќајот, се случила сообраќајна незгода во која учествувале две полициски возила. Од полицијата потврдија и додадоа дека нема повредени, а дека никој не бил под дејство на алкохол.“
Не се знае каде отишол Турудиќ на денот на несреќата, ниту кој е виновен за сообраќајката.