Два воени авиони Siai 60° Stormo се судрија денеска нешто пред 12 часот во близина на Рим.

Еден од авионите паднал во поле во близина на градот Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во овој град на периферијата на Рим. Двајцата пилоти загинаа, пренесува Corriere della Sera.

Реонот на несреќата е опколен од спасувачи кои проверуваат дали во несреќата загинале и други лица. Во тек е полициска истрага. Италијанските медиуми јавуваат дека загинале потполковникот Даниеле Ципријано и мајорот Марко Менегело, кои служеле во Гвидонија.

Според неофицијални информации, четири летала полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот. Тие извршувале маневри кога двајцата се допреле и изгубиле контрола.

„Двајцата пилоти беа во авион за обука У-208 и учествуваа во мисија за обука. Авионот У-208 е лесен авион кој може да превезе најмногу четири патници заедно со пилотот и да лета со максимална брзина од 285 км/ч. “, соопшти армијата.

Останатите двајца пилоти слетале безбедно и ќе бидат сослушани во следните неколку часа.

„Во име на владата го изразувам моето најдлабоко сочувство и мојата тага до семејствата, нивните колеги и целиот корпус на воздухопловните сили“, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони по несреќата.

„Длабоко сум тажен што ја дознав страшната вест за смртта на двајцата пилоти. Моето најдлабоко сочувство изразувам до семејствата и водачите на воздухопловните сили“, рече претседателот на Сенатот, Игнацио Ла Руса.