Се трага по момче во и околу реката Вардар кај неготинско Пепелиште кое почнало да се дави во реката, а негов другар се обидел да му помогне.
Информацијата за МИА ја потврди директорката на Здравствениот дом Неготино, Билјана Филипова.
– Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно. Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи. Екипа на нашата Брза помош веднаш отиде на лице место и ќе остане таму и понатаму, изјави Филипова.
Се трага по момче кое исчезнало во Вардар кај неготинско Пепелиште
