Авион со 72 патници се урна на аеродромот Похара во централниот дел на Непал. Досега се пронајдени 32 тела на загинатите, соопштија властите.
Авионот на Јети ерлајнс летал од Катманду до Похара. Се урна при слетувањето, а потоа се запали. Во авионот имало 68 патници, од кои 10 странски државјани и четворица членови на екипажот, пренесува Ројтерс.
Another Video.. Plane crash in #Nepal…. A #Yeti Air ATR72 aircraft flying to #Pokhara from #Kathmandu has crashed, Aircraft had 68 passengers pic.twitter.com/kYsFdu4VyT
— Jaya Mishra (@anchorjaya) January 15, 2023
– Најмалку 32 тела се пронајдени на местото на падот на авионот Јети во Похара – се наведува во извештајот.
Според соговорникот на изданието, операцијата за пребарување и спасување продолжува на местото на несреќата, безбедносните сили и локалното население работат заедно на пребарување и спасување на преостанатите патници – пренесе РИА.