Тринаесет лица загинаа при уривање на браната во областа Краснојарск, изјави претставник на руското Министерство за вонредни состојби.
Претходно беше соопштено дека има 11 загинати.
Браната во технолошкиот резервоар за вадење злато се урна вчера во близина на населбата Шетинкино во регионот Краснојарск во Сибир.
Поплавени се два привремени дома.
Руското Министерство за вонредни состојби испрати спасувачи од соседните региони на местото на настанот за да помогнат во санирање на катастрофата.
Истрагата за причината за инцидентот е во тек.