Две лица се повредени кога се урна мост во провинцијата Самсун на Црното Море.
Мостот над реката Терме, кој ги поврзува Чај и Феленк, се урна вчера поради обилните врнежи што ја зафатија областа, објави денеска Хуриет Дејли меил.
После обилните врнежи, патот бил затворен, како и мостот, но сепак некои жители на градот одлучиле да го користат. При уривањето на пешачкиот мост, две лица паднале во реката, но никој не е сериозно повреден.