Приватниот авион на пејачката Пинк (39), се урнал при слетувањето на данскиот аеродром Архус.

Во авионот биле екипажот, како и менаџерот на славната пејачка, а на видеоснимката од местото на несреќата се гледа дека пожарникарите итаат за да го изгасат огнот и да им помогнат на патниците.

Според наводите, авионот летал од Норвешка, а огнот избил неколку минути пред слетувањето. Со неверојатна среќа и благодарение на способноста на пилотот, никој од 10-те патници не е потешко повреден.

Во авионот, поконкретно, имало четири американски државјани, двајца Австралијанци, еден британски државјанин, како и пилоти од Германија и Австрија, и германска стјуардеса.

Концертот кој Пинк го има закажано за в среда, 7 август на Стадиум Каса Арена во Данска, ќе биде одржан.

Пинк во моментот е на турнеја  насловена „Beautiful Trauma“, а по Данска концерти ќе одржи во Германија (9 август), како и во Холандија (11 август).