Авион двосед Су-30 се урна во Калининградската област, а прелиминарната причина за падот е технички дефект, соопшти прес-службата на Западниот воен округ.
На 12 август годинава, за време на тренинг лет во Калининградската област, авионот Су-30 се урна во напуштена област. Летот беше извршен без муниција. Екипажот на леталото загина“, соопшти руското министерство.
Како што е наведено во соопштението, „според прелиминарните информации, причина за падот е технички дефект“.