Против коронавирусот се вакцинираше 24-годишната Џенифер Гејтс, ќерка на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Овој чин го искористи за да се пошегува, т.е. да испрати порака до теоретичарите на заговор.

Џенифер Гејтс е студентка на втора година по медицина во Њујорк, а по вакцинацијата и се обрати на јавноста преку Инстаграм. По тој повод, таа спомена дека имунизацијата ќе ги заштити поединците и заедницата.

“Јас сум меѓу привилегираните луѓе кои ја примија првата доза на mRNA вакцината, што ќе ги научи моите клетки да имаат имунолошки одговор на вирусот. Како студент по медицина и некој што сака да биде лекар, благодарна сум што сум заштитена и безбедена во мојата идна работа “, напиша Гејтс.

Таа ги повика луѓето да бидат повеќе информирани за вакцините и да размислат за вакцинирање кога ќе имаат можност.

Џенифер потсети дека заедницата ќе биде побезбедна, колку повеќе лица се вакцинираат.

Таа им се заблагодари на сите кои придонесоа за развој на вакцината и истакна дека вакцинацијата ќе им помогне на здравствените работници да бидат поуспешни во спасувањето животи.

Гејтс рече дека откако ќе ја прими втората доза на вакцина, сепак и понатаму ќе носи маска, можеби две, што смета дека е оправдано.

Потоа се пошегува на сметка на теоретичарите на заговор.

“За жал, вакцинацијата не ми ја всади генијалноста на татко ми во мојот мозок. Кога mRNA би ја имала таа моќ”, истакна Гејтс на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)