Пејачот Александар Белов се вери со Србинката Јелена Станковиќ. Белов, раката на идната сопруга и ја побара пред манастирот „Свети Наум“ во Охрид.
„Официјално да“, напиша тој и доби бројни честитки.
Младенците свадбата ќе ја прават во Крагуевац, од каде што потекнува Јелена и каде што малдиот пар живее заедно веќе две години.
Александар и Јелена се запознале по учеството на Александар во шоуто „Операција триумф“, а почнале да се гледаат неколку години подоцна. Долго време шестгодишната врска ја одржувале на релација Македонија-Србија. А од пред две години, Александар се преселил во Крагуевац, каде што настапува со својот бенд.