Епидемиолошката состојба во Словенија и понатаму се влошува, а Владата на Јанез Јанша во текот на денот на посебна седница ќе одлучува за потребните мерки.
Според словенечките медиуми Владата е поделена дали треба да се воведе затворање или помали рестриктивни мерки.
Во изминатите 24 часа во Словенија регистрирани се 3.771 новозаболени, додека вчера биле пријавени 4.511.
Просекот на потврдени инфекции во еден ден за минатата недела е 2.683, 14-дневната инциденца е 1.604, починале уште девет пациенти, а бројот на вакцинирани стагнира и изнесува 53,2 отсто од вкупното население.
Во болниците во моментов има 735 пациенти, од кои 169 се на одделенијата за интензивна нега. Во изминатите 24 часа во болниците се примени 131 нов пациент, а 57 се отпуштени дома.