Лекарите се многу загрижени за здравјето на патријархот на Српската православна црква Иринеј, неговата состојба постојано се следи, бидејќи коронавирусот значително влијаел на слабеењето на неговото општо здравје.
Во раните утрински часови се манифестираат симптоми и знаци на влошување на хроничната срцева слабост на српскиот патријарх на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј, кој се лекува од коронавирус во белградската воена болница Карабрума.
Поглаварот на Српската православна црква, Иринеј, беше хоспитализиран на 4 ноември во воената болница Карабурма во Белград, откако беше позитивен на тестот за коронавирусот.