Контроверзниот четиридневен секс-фестивал, кој нуди неограничени количини дрога, алкохол и оргии со проститутки, се враќа оваа година, откако минатата година предизвика голем гнев и на крајот беше откажан под притисок на колумбиските власти.
Оваа година островот на сексот ветува две Латиноамериканки на еден маж, секс шоу во живо, луксузни јахти и разни изненадувања, за само 5.700 евра.
Настанот се одржува на приватен Карипски остров каде дрогата не е забранета, а на мажите им се ветува „неограничен секс”, менување на партнерки и исполнување на сите сексуални фантазии додека се забавуваат „како милионер”, тврдат организаторите.
Минатата година секс- островот предизвика лутина, а многумина го нарекоа „одвратен” и „гаден” и ги повикаа властите да испитаат што се случува на островот.
Организаторите ги отфрлија обвинувањата дека станува збор за трговија со луѓе, тврдејќи дека забавата е легална, а сите жени кои учествуваат се постари од 18 години.
Оваа година забавата треба да се одржи од 14 до 17 декември.
„Гостите не влегуваат во Колумбија, туку доаѓаат директно на Карибите, па колумбиската полиција и власти немаат никаква врска со ова. Не можеме да откриеме во која земја се наоѓаат девојките, но се што можеме да кажеме е дека тие се добро платени и не се присилени на ова. Продадовме 23 билети на секс- островот, а нашите клиенти доаѓаат од целиот свет. Сите платија цена од 5.700 евра, која вклучува неограничен секс, храна и друго, велат организаторите.