Автобус со средношколци од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ кој патувал од Будимпешта кон Скопје запрел на мост поради дефект.
Учениците чекале околу 5 часа на местото дури агенцијата „Ројал старс травел“ да испрати исправен автобус .
Од агенцијата се правдаат дека возилото поминало технички преглед.
Директорот на училиштето Александар Канурков вели дека треба да се изменат правилниците за вакви екскурзии.