СЕ ЗАКАНУВААТ СО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПРОТЕСТИТЕ: Трет ден блокади на земјоделците во централна и северна Грција

/ 26.01.2024

Најголемите собири, со паркирани стотици трактори се во близина на градовите Лариса и Кардица, во областа погодена од поплавите што нанесоа штета на земјоделските површини.

Грчките земјоделци веќе трет ден продолжуваат со блокадите во низа градови во централниот и северниот дел на земјата, а не ја исклучуваат можноста во следниот период да ги засилат протестите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во секој случај, барем засега, станува збор за симболични блокади кои не се на автопати и не создаваат проблеми во сообраќајот.

Најголемите собири, со паркирани стотици трактори се во близина на градовите Лариса и Кардица, во областа погодена од поплавите што нанесоа штета на земјоделските површини.

Протести има и во други градови, во близина на Солун земјоделците се обидоа со тракторите се обидоа да стигнат до аеродромот, но беа спречени од полицијата.

Земјоделците, меѓу другото, бараат надоместоци поради намаленото производството предизвикано од непогоди и болести; изградба на инфраструктурни проекти за заштита од временските неприлики и намалување на трошоците за производство.

Министерот за земјоделство на Грција Лефтерис Авгенакис, говорејќи за грчкото радио „Скај“ изрази подготвеност да разговара со земјоделците, рече дека секој е добредојден за дискусија и посочи дека за областа Тесалија, погодена од поплавите, надлежните министерства досега дале околу половина милијарда евра

Паралелно објасни дека до 20 октомври 2023 година, кога системот беше отворен, биле поднесени 33.000 барања од земјоделците од Тесалија, кои добиле аванси во износ од 160 милиони евра.


Од истата категорија