Се запали воз на отворена пруга пред Велес, дознава скопски КУРИР. Несреќата се случила пред железничката станица Рајко Жинзифов.

Според првичните информации до кои дојде КУРИР е дека се работи за електрична локолмотива, пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени.

Се прави увид и проценки за оштетеност на пругата, а локомотивата е целосно изгорена.

НОВИ ДЕТАЛИ

Од Македонски железници добиено е известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица Рајко Жинзифов и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните. Поради непристапноста за гаснење на локомотивата со ПП возило истата се гаснела со апарати. Пожарот се уште не е целосно саниран, но според известувањето од МЖ истото е при крај.

Се очекува комисија од МЖ да излезат и да извршат увид на лице место, а железничкиот сообраќај е во прекин.