РТ Америка ќе престане да работи и ќе отпушти поголем дел од своите вработени, се вели во писмото од T&R Productions, продукциската компанија која стои зад руската државна мрежа.
Во писмото до вработените, Миша Солодовников, генерален директор на T&R Productions, рече дека ќе „престане да работи“ на сите свои локации „поради непредвидени настани“.
-За жал, претпоставуваме дека ова ќе биде траен прекин на работниот однос, додаде тој.
Компаниите ја прекинаа соработката
T&R Productions имаше канцеларии во Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и Вашингтон. Престанокот на T&R значи и крај на американската филијала на РТ, пишува Си-Ен-Ен.
На почетокот на неделата, давателот на сателитска услуга DirecTV, еден од двајцата што емитуваа РТ Америка, ја прекина соработката, што и нанесе голем финансиски удар на мрежата.
Roku, кој продава хардвер кој им овозможува на корисниците да следат содржини преку Интернет, исто така рече дека ја исфрлил РТ Америка од својата платформа.
Во последниве денови, Раша Тудеј, која управува со неколку мрежи ширум светот, значително го намали досегот на емитување бидејќи технолошките компании и телевизиските мрежи ширум светот ги прекинаа врските со неа поради инвазијата на Украина.