Последната европска фабрика за персонални и преносни кoмпјутери што се наоѓа во Германија, ќе се затвори во 2020 година.
Со затворањето на фабриката во Аугсбург ќе се затворат и 1.500 работи места во тој погон, објави портпарол на компанијата Фуџитцу која е сопственик на таа фабрика.
Во опасност се и други 300 работни места во кооперантски германски компании.
Со тоа, јапонската компанија целосно затвора производни и монтажни погони во Германија. Развојот на производите монтажата и логистиката се префрлаат во Јапонија.
Во јапонската компанија истакнуваат дека фабриката што произведувала компјутери и системи за чување податоци, е последна од тој вид во Европа.