Бројот на загинатите во експлозијата во магацинот за пиротехника во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, се зголеми на двајца, покрај 49-годишниот синоќа на повредите им подлегна и 20-годишното девојче.
Од тешки изгореници во четвртокот починал 49-годишен маж, а неговата 20-годишна ќерка синоќа им подлегнала на повредите, јавуваат бугарските медиуми.
Како што информираат од болницата Пирогов, и покрај укажаната лекарска помош, девојчето кое имало изгореници на 85 отсто од телото, им подлегнало на повредите, пишува порталот Новините.