Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците во емисијата 24 анализа рече дека често се разговара за платите за министрите и пратениците кои не се пораснати одамна.
– Многу се помали од директорите на претпријатија и јавниот сектор. Мојата плата е 70 000 денари и во животот не сум работел за помала плата кога сум работел во пиватниот сектор и ова ми е најмала плата откако сум во политиката. Минималната плата ја почачивме на 18 000 денари, ги покачивме и пензиите. Покажуваме грижа за граѓаните. Оваа Влада докажа дека е способна да се справи и да менаџира со кризата. Министер во Македонија зема најмала плата во целиот регион. Зошто треба намалување на платите на функциионерите? Ова е површен начин за забавување на јавноста. Ако има потреба, ќе ги скратиме платите – рече Груби.