Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, ги кажа своите впечатоци од реванш натпреварот со Лапи, синоќа во Приштина.
Шкупи одигра 1:1 и по 2:0 во Скопје, обезбеди пласман во второто коло во Конференциската лига на УЕФА.
Среќен за успехот на неговиот тим, Седлоски смета дека тој сè уште треба да се подобрува.
– Во првото полувреме очекував да ја завршите нашата работа како што треба и да не ги повторите грешките на првиот натпревар. Имаше иницијатива од тимот на Лапи. И претходно кажав, дека тие се силни противници. Генерално, не сум многу задоволен од првото полувреме, но во второто полувреме, нашите момци започнаа да играат подобро, имавме многу добри шанси. Резултатот од 1:1 беше доволен, најважно е да продолжиме понатаму во конференциската лига на УЕФА.
Исто така важна е оваа победа за клубот и за навивачите, бидејќи долго време не го постигнавме овој успех, изјави Седлоски.
Следен противник на Шкупи е португалска Санта Клара.