Во 16 часот попладнево во Владата започна седница, а околу 17 часот се очекува премиерот Димитар Ковачевски да одржи и прес-конференција.

Во соопштението од владината прес-служба не се наведува темата на седницата, но нејзиното одржување доаѓа само неколку часа откако Собранието денеска ги усвои заклучоците за Информацијата за предлог-преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ).