Имено, пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на седницата на Комисијата за Европски прашања жестоко реагираа на барањето на потпретседателката на КЕП, Арта Биљали Зендели за да се започне со дискусија по Законот за работни односи.
Потпретседателката Арта Биљали-Зендели побара претставникот на Владата да се произнесе за амандманите, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално обраќање.
Откако таа не дозволи, тие почнаа да удираат по масите.
Пратениците тврдеа дека дневниот ред не е изгласан.
Сепак за кратко време седницата започна по што повторно беше прекината бидејќи пратениците почнаа да удираат со масите.