Земјоделците кои од денеска до 15 јули ќе ги предадат доматите во преработувачки капацитети или преку регистриран откупувач, наместо три, ќе добијат седум денари субвенции за килограм.
Љупчо Николовски кој ја врши функцијата министер за земјоделие, рече дека субвенциите се зголемени поради нарушениот баланс меѓу понудата и побарувачката, како и ниската откупна цена на доматите.