Понекогаш изгледа речиси невозможно да се справите со сè што ви се случува во животот. Но психологијата има безброј трикови кои можат да ви помогнат и да ви го олеснат животот. Всушност, со развитокот на позитивната психологија во изминативе две децении, психологијата може да ни помогне да го живееме најдобриот живот. Ова се триковите коишто ќе ви го олеснат животот, а ги препорачуваат речиси сите психотерапевти.

Зборувајте за да се справите со силните емоции
Емоциите како гневот можат да бидат толку силни што изгледа како да преземаат контрола над вашиот живот. Но ако ја промените насоката на мислите од она што го чувствувате во моментот кон делот за размислување од мозокот, можете да ги намалите ефектите на силните емоции и подобро да се справите со нив. Па ако чувствувате некоја силна емоција, едноставно кажете нешто како „Чувствувам гнев“. На овој начин ќе го идентификувате гневот на неличен начин и ќе го тргнете фокусот од него.

 Коцка мраз за справување со анксиозност
Кога чувствувате анксиозност можете да го промените фокусот од изворот на паниката кон нешто физичко за да си ја вратите контролата. На пример, земете коцка мраз. Студот што ќе го почувствувате ќе ви го одвлече вниманието, па ќе ви биде потешко да се фокусирате на анксиозноста. Истото можете да го направите и со нешто топло. Кога ќе се оддалечите од анксиозноста за миг, ќе ви биде полесно да ја контролирате.

Прошетка против анксиозност
Кратката 5-минутна прошетка околу соседството може да ви ја врати способноста за фокусирање. Ако не можете да излезете надвор поради која било причина, едноставно прошетајте низ домот или канцеларијата.

Пишување
Ако не сте пробале, не потценувајте ја моќта на пишувањето како терапевтска алатка. Без разлика што чувствувате, одвојте неколку минути за да го запишете тоа, како и исходот од моменталната ситуација. Најважно е да обрнете внимание дали исходот е навистина она што го замислувате. Подоцна прочитајте го напишаното за да добиете појасна слика за реалноста наспроти вашата перцепција. Кога редовно ќе го правите ова полесно ќе ја наоѓате разликата помеѓу ирационалните мисли и реалниот свет.

Дишење за фокус
Изминатава деценија свесноста стана една од најкористените алатки. Таа ви помага да ја подобрите отпорноста и може да ви помогне во борбата со депресијата и анксиозноста. Исто така ќе ви помогне да го подобрите фокусот и расположението. Свесноста не е недостижен метод за медитација за кој се потребни часови или денови за да ја научите. Доволно ви е само една минута за да ја совладате. Со тоа што ќе бидете свесни за вашето дишење дури и на неколку секунди, ќе го подобрите вашиот фокус и ќе ги исчистите мислите.

Набројте 5 нешта за да се смирите
Ако се чувствувате немирно, набројте 5 нешта што ги гледате, 4 нешта што ги чувствувате, 3 нешта што можете да ги слушнете, 2 нешта што можете да ги помирисате и едно нешто што можете да го вкусите. Оваа вежба ќе ви помогне да излезете од вашата глава, да се приземјите и да се вратите во сегашниот момент.

Џвакајте гума за џвакање за да се смирите
Ако се чувствувате нервозно или напнато, гумата за џвакање може да ви биде од помош. Со џвакањето му давате знак на мозокот дека ви е удобно. Наместо да паничите, вашиот мозок ќе се смири бидејќи правите нешто друго – џвакате гума за џвакање. Не можете да бидете нервозни или загрижени бидејќи во тој случај не би џвакале.