Популарниот јутјубер Логан Пол им соопшти на своите обожаватели дека се кае „само за две нешта“ во животот… Неговите два Мерцедес-Бенц кревета кои ги купил за 90.000 долари, што сега го оценува како многу глупав потег.
Пол сега гарнитурата ја продава за 20.000 долари.
Притоа тој покажа и дел од Инстаграм-разговор, каде што тој практично го моли соговорникот да ги купи креветите…
„Зошто даде 90.000 долари за кревет, Логан?“, прашува соговорникот, на што Јутјуб-ѕвездата одговара: „Зашто сум идиот… И зашто знам што сакам од тебе.“ – „ЛОЛ („Се смеам на глас“), што сакаш, Логан?“ – „Да ги купиш креветиве“.