По синоќешното финале во ракометната ракометна СЕХА лига во кое Веспрем го совлада Вардар со 35:27, беше прогласен „Ол-стар“ тимот на „фајналфор“ турнирот, како и МВП на сезоната.
За играч на сезоната 2019/20 е прогласен голманот на Веспрем, Родриго Коралес.
Чуварот на мрежата на унгарскиот тим се најде и во идеалниот тим на турнирот во Задар како најдобар голман.
За најдобро десно крило е прогласен Гашпер Маргуч (Веспрем)
Најдобро лево крило е Давид Мандиќ (Загреб)
Најдобар десен бек Хорхе Македа (Веспрем)
Најдобар среден бек: Ловро Јотиќ (Вардар)
Најдобар лев бек: Александер Шкурински (Мешков Брест)
Најдобар пивот: Андреа Оливер Нилсон (Веспрем)
Најдобар дефанзивец: Блаж Благотиншек (Веспрем).