Ракометарите на Вардар го совладаа Нексе во Нашице со 31:30 во првиот четвртфинален меч во регионалната СЕХА лига.
Најефикасен кај „црвен-црните“ беше Тимур Дибиров со 12 гола, Сташ Скубе даде шест. Прв стрелец во поразената екипа беше Пешиќ со седум гола.
Реваншот меѓу Вардар и Нексе е наредната недела во Скопје. Победникот во четврт-финалната серија ќе се пласира на Фајналфор турнирот во Задар од 3 до 5 април.