На овој ден, со длабока почит и тишина во срцето, заедно со градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски и Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, со колегите пратеници, ја посетивме Црквата „Св. 40 Маченици“ на Смилковското езеро, објави пратеникот Бојан Стојаноски.
Тие оддадоа почит на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски – млади животи што трагично беа прекинати.
Стојаноски додаде дека положиле цвеќе и запаливме свеќи во нивен спомен, со надеж дека правдата и вистината никогаш нема да бидат заборавени.
Воедно направивме и увид во тековните активности за доуредување на просторот и изградба на камбанаријата. Нека нивниот спомен биде вечен, а нашата обврска – да паметиме и да чуваме од вакви трагедии, наведе во објавата Стојаноски.




