Реализирано уште едно ветување!
На вчерашната седница на мој предлог, Советот на општина Гази Баба одлучи следната учебна година, секое семејство кое ќе има прваче, да добие еднократна парична помош од општината во висина од 3000 денари!, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефкофски.