Солената вода е најдобриот и најлесниот начин да го регенерирате телото и да го исчистите од непотребните токсини. Иако ова Индијците одамна го применуваат, западниот свет ја отфрли оваа практика под претпоставка дека е штетна за телото. Но, ако користите природна и чиста морска сол, тогаш нејзиниот ефект е гарантиран.

1. Хидратација

Нутриционистот Мет Стоун истакнува дека ако пиете вода само за да го хидрирате телото постои можност да претерате и да го преполните организмот со течности. Наместо чиста вода, тој советува да пиете посолена вода, еднаш дневно.

 

2. Проблеми со варење на храната

 

Солената вода исто така ги решава и проблемите со дигестијата. Таа ги поттикнува ензимите кои го забрзуваат дигестивниот тракт. Доколку пиете посолена вода секое утро, многу брзо ќе ги забележите позитивни промени и регулацијата на дигестивниот систем.

3. Несоница

Минералните соли имаат моќ да го смират нервниот систем. Затоа, ако ве мачи несоница, една чаша посолена вода пред да си легнете ќе го реши тој проблем или барем ќе го ублажи. Што значи, ќе можете мирно да спиете.

4. Детоксикација

Нејзиното благотворно дејство делува и антибактериски. Таа ги исфрла сите отрови од телото и се ослободува од вишокот бактерии кои му штетат на организмот.

5. Проблеми со коските

Моментално една од најпопуларните теории е дека алкалните минерали влијаат врз решавање на проблемите со коските. Особено со остеопорозата. А солената вода е тука да помогне.

6. Чиста кожа

Ако сакате нежен сјај и чиста кожа, тогаш напијте се чаша солена вода. Детоксикацијата ќе ви даде блескава и нежна кожа за која отсекогаш сте сонувале.

7. Одличен извор на минерали

Солта има огромен број минерали кои во корелација со водата и нејзините благотворни дејства имаат моќ да решат многу проблеми. Минералите се основата на здравата исхрана и здравјето затоа не двоумете се и веднаш испијте чаша солена вода. Ви ветуваме дека нема да зажалите.