Мади Нелсон (18) имала треска, силна болка во бубрезите и имала потешкотии при дишењето пред да падне во кома. Лекарите веруваат дека сето ова се случило затоа што во последните три години таа секој ден пушела електронски цигари.
Лекарите откриле дека таа има акутна еозинофилна пневмонија – ретка болест на натолажување на бели крвни зрнца во белите дробови, што се појавило како резултат на воспаление.
Сестрите се обидоа да и дадат кислород, но тоа не беше доволно.
„Таа едвај дишеше два часа, па беше неверојатно уморна и не знаеше колку долго ќе издржи. Ситуацијата од сериозна помина во потенцијално смртоносна. На рентгенот видовме дека штетата на нејзините бели дробови е огромна, вели Андреа Фулмер, сестра на Меди.
Семејството донело тешка одлука Меди да ја стават во индицирана кома.
По три дена во кома, Мади е вратена во свесна состојба и од тогаш нејзиното здравје полека се подобрува. Полесно дише и јаде самостојно, па семејството се надева дека со помош на пулмонолог нејзината состојба ќе биде целосно подобрена.
Кога се разбудила, Меди изјавила дека никогаш повеќе нема да пуши е-цигари.
– Во белите дробови ми растеле честички на маснотиите што се акумулирале како резултат на глицеринот од течноста на е-цигарите. Белите дробови ми беа преполни со течност“, вели Мади.