Карциномот на кожата ако се открие навреме, третманот може да биде успешен. Може најлесно да се превенира, а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и избегнување на директна изложеност на Сонце, порачуваат докторите. Годишно се регистрираат по двесте нови случаи.
Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа. По тој повод, Министерство за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија утре на Медицинскиот факултет организираат трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“, информира ресорниот министер Венко Филипче на неговиот ФБ профил.
Покрај министерот Филипче на трибината ќе се обрати и директорката на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија д-р Софија Пејкова, а ќе учествуваат доктори од неколку клиники и институти